ДПУТТ “Ники” од Богданци е основана на 21.12.1990 година со основна дејност  производство и вградување на столарија. ДПУТТ “Ники” е овластен производител на прозорци и врати од германската компанија Inoutic.

Располагаме со сопствен производствен погон за производство на ПВЦ прозорци и врати, опремен по најсовремените европски стандарди. Погонот со површина од 640 m2 и помошна површина од 1.800 m2 располага со 9 полуавтоматски машини, компресор за снабдување со воздух за автоматиката на машините, воздушни и приклучни машинки и сиот помошен алат што е потребен за производство и монтажа на производите, како и возила за транспорт на готовиот производ. Производствениот погон е опремен и со машини за чистење и изработка на термо-изолационо стакло како и машина за полнење со инертен гас во термо-изолационото стакло. Производствениот погон, автоматизираноста на машините и расположливиот работен персонал овозможуваат брза и ефикасна изработка на готовиот производ. Вработените кои ја вршат дејноста производство и монтажа на PVC прозорци и врати комплетно се обучени за работа од специјален тим од компанијата производител на PVC профили Inoutic од Боген, Германија, односно групацијата Deceuninck кои исто така ни нудат на располагање еден техничар во секое време за технички совети и изработка на статика.
Досега имаме поставувано прозорци и врати на секаков вид објекти и тоа на: станбени индивидуални објекти, згради, деловни објекти меѓу кои: бензински пумпи, млекари, пекари, ресторани, болници, здравствени домови, лаборатории, училишта, детски градинки и сл.

.

Гаранција и Сертификати

Нашите ПВЦ прозорци и врати ги исполнуваат следниве стандарди:

ISO 9001:2008 – стандард за системи за управување со квалитет

ISO 14001 – стандард за еколошка заштита

RAL – стандарди за квалитет

DIN – стандарди за норми при изведба на прозорци

Сите сертификати се издадени од германскиот институт DQS кој го набљудува нашиот производ.

Врз основа на наведениве сертификати даваме гаранција за сервисирање и одржување од 10 години.