Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Тројно застаклување

Тројно застаклување

од nikibogdanci / четврток, 21 септември 2017 / Објавено во блог

Пасивните куќи долго време користат тројно застаклување како стандард. Конвенционалните нови згради или реновираните згради, исто така, можат да имаат корист од неколку предности кои ги нуди тројното застаклување. Се истакнува со следниве својства:

  • Извонредни изолаторни вредности: Ug до 0,4 W/m2K
  • Намалени трошоци за греење
  • Подобрен животен комфор (топла површина, без провев)
  • Оптимизиран принос на соларната енергија
  • Висок пренос на светлина за природна светлина во собата за дневен престој
  • Нема визуелна разлика од двојното застаклување
  • Тројното застаклување може да се користи за сите наши прозорски системи.

 

Заштеда на енергија и пари со тројно застаклување

Старите и прозорци се еднослојно застаклување прават провев и допринесуваат за високи трошоци за греење. Термичката изолација на модерните прозорци е многу подобра за разлика од онаа пред неколку години. Еве споредба: Прозорец со еднослојно застаклување од раните 1980ти имаше просечен коефициент на пренос на топлина од приближно 5-6 W/m2K. Денес, прозорците не е дозволено да имаат Uw вредност поголема од 1,3 W/m2K, веќе поради Регулативата за заштеда на енергија (EnEV 2009). За во иднина, Uw-вредности ≤ 0.95 W/m2K веќе се земаат во предвид. Ова одговара на заштеда на повеќе од пет пати од износот на енергија. Ова е единствениот начин да се намалат трошоците за греење и потрошувачката на енергија ефективно. Денес, дополнителниот трошок за тројно застаклување е минимален, а амортизацијата брзо се остварува преку поголема енергетска ефикасност. И не само тоа, тројното застаклување нуди повеќе од финансиски предности за жителите. Современите станови и куќи со тројно застаклување се одликуваат и со видливо подобрен комфор и удобно живеење.

 

Подобрен комфор и удобно живеење со тројно застаклување

На сите ни е познато чувството – Во студената сезона има струење на ладен воздух во близина на прозорците. Постудено ни е во близина на прозорците и го зголемуваме греењето повеќе отколку што е потребно. Чувството на благосостојба не е само функција на собната температура и струењето на воздух, исто така е и под влијание на температурите на: подот, ѕидните површини и прозорците на просторијата. Поголема температурна разлика помеѓу посебните површини резултира во тоа да постудените површини ја влечат топлината од потоплите површини. Луѓето го забележуваат ова во форма на ладење на кожата, а пак тоа влијае на нашето чувство за температура. Тројното застаклување има значително влијание и на двете: на струењето на воздухот и на температурата на површината.

Топлинска удобност со тројно застаклување

Ниските топлински загуби кои ни обезбедуваат топол комфор се поради високите изолаторни вредности на тројното застаклување. Во тројно застаклен прозорец, средишните простори помеѓу стаклените плочи се полни со ретки гасови кои имаат ниска топлотна проводливост. Ова значи дека само многу малку топлина се пренесува на надворешната стаклена плоча од кадешто и исчезнува истата. Следствено на тоа, температурата на внатрешните стаклени плочи е висока.

Според една студија спроведена на Институтот за тестирање во Розенхајм, во која двојното застаклување е споредено со тројно застаклување на надворешна температура од -10ﹾ C и собна температура од +20ﹾ C, температурната разлика била скоро 9 степени. Двојното застаклување имало внатрешна температура на површината од 9,5 степени, додека пак тројното застаклување имало внатрешна температура на површината од 17,7 степени. Како резултат на малата разлика помеѓу внатрешната температура на површината на стаклото и собната температура и другите температури на површините во просторијата, чувството на благосостојба е значително подобрено. Нема струење на воздухот, “бран на студен воздух” не се создава и нема повеќе “тресење од студ” во близина на прозорците.

Луѓето кои планираат нова зграда или реновирања треба сериозно да размислат за тројно застаклување и да побараат понуда со споредба на цени.

 

Извор: https://www.deceuninck.de/de/

Можеби ќе те интересира

Кредитирање на енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати
Балконска врата со лизгачки хармоника систем | Елегантна врска помеѓу внатрешноста и надвор
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!