За Нас

ДПУТТ “Ники” од Богданци е основана на 21.12.1990 година со основна дејност производство и вградување на столарија. ДПУТТ “Ники” е овластен производител на прозорци и врати од германската компанија Deceuninck. Располагаме со сопствен производствен погон за производство на ПВЦ прозорци и врати, опремен по најсовремените европски стандарди. Погонот со површина од 640 m2 и помошна површина од 1.800 m2 располага со 15 полуавтоматски машини, компресор за снабдување со воздух за автоматиката на машините, воздушни и приклучни машинки и сиот помошен алат што е потребен за производство и монтажа на производите, како и возила за транспорт на готовиот производ. Во склоп на производствениот погон, имаме оддел за производство на термо-изолационо стакло. Одделот е опремен со шест современи машини за чистење, сечење, вакумирање, исполна со инертен гас аргон и силиконирање на термо-изолационото стакло, како и апаратура за преработка на водата за чистење на стаклото.

10 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА

30 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ НА КВАЛИТЕТ

Ја создаваме елеганцијата во вашиот дом

Производствениот погон, автоматизираноста на машините и расположливиот работен персонал овозможуваат брза и ефикасна изработка на готовиот производ. Вработените кои ја вршат дејноста производство и монтажа на PVC прозорци и врати комплетно се обучени за работа од специјален тим од компанијата производител на PVC профили Deceuninck од Боген, Германија, кои исто така ни нудат на располагање еден техничар во секое време за технички совети и изработка на статика.

Го создаваме домот од вашите соништа

Досега имаме поставувано прозорци и врати на секаков вид објекти и тоа на: станбени индивидуални објекти, згради, деловни објекти меѓу кои: бензински пумпи, млекари, пекари, ресторани, болници, здравствени домови, лаборатории, училишта, детски градинки и сл.

Изработуваме висококвалитетни прозорци и врати

Гаранција и Сертификати

Нашите ПВЦ прозорци и врати ги исполнуваат следниве стандарди. Сите сертификати се издадени од германскиот институт DQS
кој го набљудува нашиот производ. Врз основа на наведениве сертификати даваме гаранција за сервисирање и одржување од 10 години.

ISO 9001:2008 – стандард за системи за управување со квалитет

ISO 14001 – стандард за еколошка заштита

RAL – стандарди за квалитет

DIN – стандарди за норми при изведба на прозорци

TOP
error: Содржината е заштитена!