Комарниците, особено во летните месеци се нешто најпотребно за нашите домови. Нè штитат од сите видови на инсекти, а најмногу од комарците. Затоа сите видови мрежи за заштита од инсекти го добиле популарниот назив “комарници”.

*Комарниците ги изработуваме и монтираме исклучително за наши ПВЦ прозорци и врати.

Видови на комарници:

Фиксен комарник за прозорци и балконски врати

Фиксниот комарник е најекономичниот вид на комарник. Фиксниот комарник се состои од алуминиумски профил и мрежа која е прицврстена за истиот.

Роло комарник за прозорци и балконски врати

Најпродаваниот! Класична вертикална или хоризонтална мрежа на движење. Лесен за употреба, висока отпорност на ветер. Овозможува одлична заштита од инсекти. Роло комарниците се вид на комарници кои најчесто се употребуваат затоа што се најпрактични. Роло комарникот лесно се отвора и затвора затоа што мрежата се намотува околу осовината на комарникот која што е опремена со опруга која сама го влече комарникот да се намота околу својата осовина. Овој комарник завзема многу малку простор на прозорецот/балконската врата затоа што целиот комарник е сместен во алуминиумска кутија со пречник од 4,5cm.

  • Роло-комарник вертикален
  • Роло-комарник хоризонтален

Комарник на отворање за балконски и влезни врати – “Американски комарник”

Американскиот комарник е најпрактично и најекономично решение на комарник за влезна и балконска врата. Се отвора спрема надвор, затоа и популарно се нарекува американски комарник. Идеален е за врати, лесно се отвора, автоматски се затвора и има специјално засилување во прагот.

  • Сет комарник на отворање за влезна врата
  • Комарник на отворање за балконска врата

Сет комарник на отворање за влезна врата

Комарник на отворање за балконска врата

Клизачи комарник за прозорци и балконски врати

Апсолутно решение за хоризонтално движење на мрежи.

  • Најлесен за одржување и за ракување од сите видови на комарници
  • Се движи во рамките на постоечкиот отвор и не зафаќа дополнителен простор
  • Странично има метлици кои оневозможуваат влегување на инсекти
  • Опции за клизање: едно крило на клизање или две крила на клизање

Плисе комарник за прозорци и балконски врати

Апсолутно решение за хоризонтално движење на мрежи со големи површини. Овозможува непрекинат влез и циркулација на воздухот.

Бои

Комарниците можат да се изработат во бела, кафена и Anthracite боја.

TOP
error: Содржината е заштитена!