Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Проветрување на просторот за живеење преку прозорците

Проветрување на просторот за живеење преку прозорците

од nikibogdanci / понеделник, 13 јуни 2016 / Објавено во блог

Во новите градби со висок степен на топлинска изолација, проветрувањето на просторот за живеење е од огромна важност. Преку правилно проветрување ќе бидете во можност да креирате пријатна дневна атмосфера и собна температура, истовремено спречувајќи уништување на градбената структура и состав на станбениот објект во кој живеете.

Правилното проветрување е од суштинско значење поради следниве причини:

  • Регулирање на влажноста на воздухот во просторијата кое пак спречува појава на мувла (Шест главни предуслови за појава на зголемена влажност на воздухот и мувла во просторијата:
  1. Ново-изграден објект кој сеуште има голем процент на влажност во sидовите и подовите
  2. Готвење во просторија со неотворен прозорец
  3. Во бања кадешто не се проветрува
  4. Во просторија кадешто се сушат алишта, а не се проветрува
  5. Во просторија кадешто има цвеќиња
  6. Надворешна влага, влажност на sидовите, таваните или подовите).
  • Замена на издишаниот воздух
  • Отстранување на миризбите и загадувачите
  • Здрава собна температура за вашиот дом
  • Правилна заштита од влага на станбениот објект во кој живеете
  • Намалување на загуби од пренос на топлина = заштеда на трошоци за греење.

Проветрување преку прозорци

Проветрувањето преку прозорец е најлесниот и најбрзиот начин за замена на воздухот во собата, регулирање на влажноста на воздухот и намалување на ризикот од појава на мувла. Има три можни начини на проветрување преку прозорци:

Проветрување со отварање на прозорецот на кипање / Овој вид на проветрување не се препорачува со денешниве стандарди за топлинска изолација, посебно во зима и во влажни простории. Прозорците се навалуваат (кипаат) за да пропуштат природен проток на воздух. Овој метод на проветрување не е препорачлив, особено во текот на еден подолг временски период. Ова е така бидејќи кога е отворен на овој начин, рамката на прозорецот претерано се лади, постои зголемен ризик од кондензација на вода и на тој начин појава на мувла на рамката на прозорецот.

Чисто проветрување / Крилата на прозорецот се широко отворени за краток временски период (4-10 минути).  Со тоа се овозможува брза размена на воздухот со минимални загуби на енергија.

Вкрстено (дијагонално) проветрување / Вкрстеното проветрување е најефикасниот начин за проветрување на просторијата. За да го направите ова, прозорците и вратите се отворени за да се создаде провев (промаја) и тоа води до тоа целото количество на воздух да се размени во рок од 2-4 минути.

Од 2009 година, стандардот за вентилација DIN 1946-6 пропишува дека сите нови градби мора да имаат концепт за вентилација. Исто така и во проекти за реновирање на фамилијарни куќи и станбени згради, концепт за вентилација треба да биде обезбеден доколку повеќе од третина од прозорците се заменети со нови или пак нова кровна изолација е поставена на повеќе од една третина од кровната површина.

 

Извор: https://www.deceuninck.de/de/

Можеби ќе те интересира

Кои се предностите на ПВЦ прозорците?
Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP