Почитувани, субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци!
Со цел стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Република Северна Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови, Министерството за економија, ќе им обезбеди поврат на средства во висина:
- до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2023 година, сė до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена.*под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом.
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година и кои ќе поднесат пополнет Образец за барање за искористување на правото на надоместок со сите потребни документи. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до исцрпување на предвидените средства за оваа намена.
Побрзајте, огласот трае до крајот на месец јули!
За подетални информации, во прилог Ви доставуваме:
- Јавен оглас
- На следниов линк може да ги најдете:
- Барањето
- Изјавата
Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со подготвување и праќање на целата потребна документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна. Пратете ни димензии на Вашите отвори за прозорци (ширина и висина од ѕид до ѕид) и добијте понуда.
075 218 160
dputt_niki@yahoo.com
Со почит,
Тимот на Ники