Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Home
  • блог
  • Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017

Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017

by nikibogdanci / понеделник, 20 март 2017 / Published in блог

Почитувани, Сеуште сме во еуфорија од она што се случуваше пред петнаесетина дена. “Ники” и оваа година учествуваше на Меѓународниот саем за градежништво во Скопје од 29.02 – 04.03.2017 година.

Нашето 26 годишно работно искуство во оваа дејност и добро познавајќи ги Вашите барања, желби и потреби ни помогнаa повторно да создадеме една скромна, природна, привлечна и топла атмосфера на нашиот штанд кој го уредувавме со огромна љубов се со цел да наликува и потсетува на место за живеење. На саемот ги промовиравме најновите и најтренд бои: Anthracite, Nussbaum и Golden Oak за оваа сезона кои ги нуди нашиот профил Deceuninck од серијата Prestige за изработка на ПВЦ прозорци и врати со шест комори, три дихтунзи и трослојно застаклување и кој ги исполнува условите за највисока енергетска ефикасност.

Најпопуларни, привлечни и посакувани производи кои ги понудивме на нашиот штанд беа: балконската врата во бела бојa со фолксваген механизам, влезната врата со декоративен Inox панел, двокрилните прозорци во Golden Oak боја со комплет ролетни во истата боја изработени со новиот профил од серијата Prestige и плисе комарникот.

Делевме флаери, балони, разменувавме контакти, се среќававме со најразлични и интересни ликови, понуди и барања, дискутиравме за предностите и придобивките од нашите производи, исполнувавме барања, правевме понуди, воспоставувавме нови пријателства, инспириравме насмевки, јадевме, пиевме, се сликавме, смеевме и дружевме.

Ова за нас беше едно напорно, но пред сè забавно, интересно и незаборавно искуство. Ова надополнето и збогатено искуство, будното следење на сегашните и идни трендови во ПВЦ столаријата, будното следење и слушање на Вашите желби, барања и потреби ќе ни помогнат и во иднина да продолжиме да ги исполнуваме истите, а воедно и да останеме водичи во изработка на ПВЦ столарија.

Нашиот штанд го посетија преку 2000 посетители, од кои: долгогодишни корисници на нашите производи, деловни партнери, пријатели и претставници од Inoutic групацијата. Ви благодариме на сите за посетеноста.

Доколку го посетите линкот подолу преку вашиот мобилен телефон, за да ги видите фотографиите, во Albums, одберете See all и одберете го албумот Меѓународен саем на градежништво 2017.

Преку фотографии ќе се обидеме да Ви доловиме што се случуваше за време на тие пет дена.

До скоро видување.

Поздрав,
Тимот на “Ники”

What you can read next

Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2021
Како да ја одржуваме столаријата во домот чиста и безбедна?
Балконска врата со лизгачки хармоника систем | Елегантна врска помеѓу внатрешноста и надвор

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 07:00-15:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

To navigate, press the arrow keys.

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!
BESbswy