Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Влагата и мувлата се создаваат во местата на живеење

Влагата и мувлата се создаваат во местата на живеење

од nikibogdanci / четврток, 09 јуни 2016 / Објавено во блог

Пријатна собна температура е од суштинско значење за чувство на благосостојба во домот. Влажноста на воздухот во собата има огромно влијание врз квалитетот на собната температура. Релативна влажност на воздухот во собата од 40% до 65% обично се смета за удобна и здрава собна температура. Релативната влажност на воздухот во собата во голема мера претставува функција на следниве фактори:

  • Секојдневните домашни активности во домот
  • Туширање и капење, како и природното потење и испарување на луѓето, растенијата и животните
  • Температурата и временските услови.

Идеалната собна температура е исто така од суштинско значење за здравјето и за одржување на градбената структура и состав на станбениот објект. Соодветната собна температура може ефикасно да ја спречи појавата на мувла во постудените места на надворешните sидови или во влажните простории. Затоа, за да се избегне појавата на мувла, потребно е да се одржува влажноста на воздухот на добро ниво како за жителите така и за станбениот објект со присвојување на систем на вентилација кој е во согласност со структурните услови.

Однос помеѓу собната температура, влажноста на воздухот и појавата на мувла

Количеството на влажност на воздухот на 1m3 воздух се менува како функција од температурата на воздухот. Топлиот воздух може да апсорбира повеќе влага отколку студениот воздух. На собна температура од 20° C и релативна влажност на воздухот од 60%, 1m3 од воздухот во собата содржи 10 g вода. Доколку собната температура е намалена на 8° C, воздухот во собата може да апсобира само половина од количеството на влага. Ова значи дека 50% од влагата исчезнува и се таложи како кондензирана вода, главно на постудените надворешни sидови. Затоа ризикот од појава на мувла е најголем токму на овие места.

Точка на оросување и критична температура на појава на мувла

Кога релативната влажност на воздухот ја достигнува критичната вредност од 100%, вишокот на влага почнува да кондензира и да формира кондензирана вода. Температурата на којашто се појавува кондензацијата се нарекува точка на оросување. Бидејќи релативната влажност на воздухот е функција од температурата на воздухот, точката на оросување се менува во зависност од соодветната ситуација. На пр. точката на оросување на собна температура од 20° C, со релативна влажност на воздухот од 50% е 9,3° C.

Знаеме дека во денешно време мувлата може да почне да се појавува и на релативна влажност на воздухот во собата од 80%. Ова пак значи дека во дадениов пример мувлата може да почне да се појавува на температура на површината од 12,6° C или дури и на помала температура во вдлабнатините на sидовите и ќошињата.

Како што претходно спомнавме, влажноста на воздухот може да се регулира со правилно проветрување и вентилирање и истата да се одржува на пријатно ниво. Поради современите стандарди за градба и растечките барања за енергетска ефикасност во новите градби, се поголема важност е придадена во прилог на темата за вентилирање на областа за живеење. Почнувајќи од 2009 година на пр., стандардот за вентилација DIN 1946-6 предвидува подготовка на концепт за вентилирање кој осигурува минимална стапка на размена на воздух во новите згради или поголемите проекти кои опфаќаат реновирање.

Нашиот тим со задоволство ќе Ви помогне и ќе Ви даде совети во врска со вентилирање на нови градби или проекти кои опфаќаат реновирање.

Наскоро следуваат повеќе информации за правилно вентилирање и стандардот за вентилација DIN 1946-6.

 

Извор: https://www.deceuninck.de/de/

Можеби ќе те интересира

Совети за чистење на ПВЦ прозорците
Тројно застаклување
Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!