Почитувани, кога ако не сега? Конечно пристигнаа…
Министерството за економија кон крајот на јануари годинава воведе нова мерка за енергетска ефикасност наменета за домаќинствата – субвенционирање за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци.
За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017 година, Министерството за економија обезбедува 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.
Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лицата кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас. Притоа, доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до искористување на предвидените средства за оваа намена.
Побрзајте, огласот трае до крајот на месец август!
Во прилог Ви доставуваме:
- Јавен оглас
- Барање и
- Програма за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ прозорци и врати.
Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со помош при изготвување на потребната документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна.
Со почит,
Тимот на Ники