Нашите ролетни ви овозможуваат:

  • Заштита од сонце
  • Заштеда на енергија и одржливост
  • Звучна заштита
  • Приватност

* На ролетните може да се вградат сигурносни осигурувачи за поголема безбедност од провалување.

Кутија

Кутиите за ролетни се изработени од двоен алуминиумски ѕид исполнет со полиуретан и нудат најдобра топлотна и звучна изолација. Дизајнот и квалитетот на материјалите од кои што се изработени ги вбројуваат помеѓу најквалитетните кутии за ролетни на пазарот.

Летвици

Летвиците за ролетни се алуминиумски исполнети со полиуретан. Техничките својства на летвиците кои ние ги користиме гарантираат целосна контрола на сончевата светлина и висока топлотна изолација.

Полиуретанската пена во внатрешноста на летвиците овозможува поголема цврстина на ролетните и поголема отпорност на временските услови, а исто така ја зголемува и звучната изолација.

Целосно се сигурни за употреба во сите видови на временски услови, на директна сончева светлина, во екот на летото или длабочините на зимата.

Начини на поставување:

  • Над прозор
    За подобри термички перформанси препорачуваме вградување на прозорците заедно со ролетните, со што ролетните се монтираат над прозорот т.е. позади фасадата и истовремено се врши и припрема за вградување на мрежи против инсекти.
  • Надворешна страна

Начини на отворање

Стандардната изведба на ролетните е за рачно подигање и спуштање со каиш или курбла, а може да се вгради и електромотор со далечински управувач или тастер за електрично подигање и спуштање.

  • Тастер - далечински управувач
  • Курбла
  • Каиш

Бои

Ролетните стандардно се изработуваат во бела, Golden Oak, Walnut и Anthracite боја, но по нарачка може да се изработат и во други бои

TOP
error: Содржината е заштитена!