Како испуна за влезни врати со панелна плоча и стакло нудиме три варијанти: Рамна панелна плоча / Комбинација на панелна плоча и стакло со различни модели на дизајн / Стакло со различни модели на дизајн
Како испуна во комбинација со панелна плоча или само стакло, во влезните врати употребуваме: двослојно или трослојно термо-изолационо стакло. Нудиме опција за исполнување на термопанот со инертен гас аргон за зголемување на топлотната изолација.