Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Акустични прозорци

Акустични прозорци

од nikibogdanci / недела, 28 јуни 2020 / Објавено во блог

Бучавата може значително да го наруши комфорот на живеењето и честопати е причина за стрес и раздразливост. Акустичните прозорци обезбедуваат брз лек и

ефикасно,

со ниска цена и

едноставно дизајнирано

решение за намалување на бучавата.

Зошто се значајни акустични прозорци со добар квалитет?

За нови згради и проекти кои опфаќаат реновирање, најважно е да не се занемарува добрата звучна изолација на прозорците што соодветно одговара на проектот/градбата. Човечкото уво е едно од нашите најчувствителни сетилни органи. Има степен на перцепција што се движи од 16 до 16,000 Hz. Дури и кога спиеме, човечкото сетило за слух останува многу активно и чувствително. Според научните наоди, нивото на максимална изложеност на бучава за длабок сон е 25 dB. Во денешно време, како и да е, ова ниво, тешко може да се постигне без соодветна звучна изолација, а голем процент од населението вообичаените извори на бучава однадвор, ги доживуваат се повеќе непријатни и досадни. Негативните ефекти од изложеноста на бучава од животната средина се честа тема на јавна дискусија.

Следново ви дава краток преглед на нивото на бучава што се јавува во различни услови за живот и градежни ситуации:

Подрачје за живеење | 40dB

Бучава во канцеларија / Ресторан | 60dB

Сообраќај на патиштата | 80dB

Село или мешана област | 60dB

Град | 70dB

Многу прометен пат | 70dB

Градилишта (на пр. воздушни бургии, вибрации) | 100dB

Млазен мотор | 120dB.

Препорачано ниво на звук во местата за живеење:

Спална соба 20 – 25 dB

Дневна соба 30 – 35 dB

Работна соба 35 – 50 dB.

Доколку се споредат двете табели, станува очигледно дека добрата акустична заштита денес е апсолутно неопходна. Со акустични прозорци од Inoutic може да си обезбедите ефикасна заштита од бучавата.

Прозорските системи Deceuninck со кои ние ги произведуваме прозорците ги задоволуваат следниве класи за заштита од бучава:

 

Систем Prestige до 47 dB (класа за заштита од бучава 5)

Prestige – сеопфатниот прозорец изработен со профил со ширина од 76 mm

Високо квалитетен систем на профил за прозорци кој испорачува одличен баланс помеѓу екологија, дизајн и функционалност и го исполнува високиот стандард на денешните современи барања за градба

Технички карактеристики (перформанси):

  • Систем од 76 mm, 6 комори
  • Вредност на топлотна изолација на каса Uf= 1.1 W/m2K
  • Вредност на топлотна изолација на цел прозор Uwдо 0.66 W/m2K – што дури и ги надминува очекуваните потребни вредности од Регулативата за заштеда на енергија EnEV za 2012 (Uw ≤ 0.95 W/m2K)
  • 20° – закосување за добро протекување на водата и хармоничен дизајн
  • Овозможува застаклување со стакло со дебелина до 44 mm за топлотна и звучна изолација
  • 2-ножна лајсна за стакло од внатрешната страна за зголемена заштита од провала
  • Висина на жлеб за стакло од 25 mm за избегнување на кондензирана вода
  • Три вградени гуми за дихтување
  • Звучна изолација до 47dB
  • 40 различни бои

 

Систем Arcade до 42 dB (класа за заштита од бучава 4)

Arcade – стандардниот прозорец изработен со профил со ширина од 71 mm

Добро дизајниран систем на профил за прозорци кој може да се пофали со квалитетни карактеристики и одличен сооднос на цена/корист за да ги задоволи сите стандардни барања на современото живеење

Технички карактеристики (перформанси):

  • Систем од 71 mm, 5 комори
  • Вредност на топлотна изолација на каса Uf= 1.2 W/m2K
  • Вредност на топлотна изолација на цел прозор Uwдо 0.74 W/m2K – што дури и ги надминува очекуваните потребни вредности од Регулативата за заштеда на енергија EnEV za 2012 (Uw ≤ 0.95 W/m2K)
  • 20° – закосување за добро протекување на водата и хармоничен дизајн
  • Овозможува застаклување со стакло со дебелина до 32 mm за топлотна и звучна изолација
  • 2-ножна лајсна за стакло од внатрешната страна за зголемена заштита од провала
  • Две вградени гуми за дихтување
  • Звучна изолација до 44dB
  • 40 различни бои

Во нашето мени на производи, одберете го вистинскиот прозорски систем со атрактивен дизајн кој одговара на секоја ситуација и ги задоволува вашите индивидуални барања.

 

Извор: https://www.deceuninck.de/de/

Можеби ќе те интересира

Проветрување на просторот за живеење преку прозорците
Кредитирање на енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати
Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!