Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

од nikibogdanci / петок, 17 мај 2019 / Објавено во блог

Почитувани, субвенции и оваа година!

Министерството за економија со цел за стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Република Северна Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на ПВЦ или алуминиумски прозорци до 50%, но не повеќе од 25.000 денари се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена, под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за купување и вградување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија објавени во 2017 и 2018 година.

Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци по денот на објавувањето на Јавниот оглас заклучно со 30 јуни 2019 година и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до искористување на предвидените средства за оваа намена.

Побрзајте, огласот трае до крајот на месец јуни!

За подетални информации, во прилог Ви доставуваме:

  • ЈАВЕН ОГЛАС
  • Барање
  • Изјава

Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со подготвување и праќање на целата потребна документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна. Пратете ни димензии на Вашите отвори за прозорци (ширина и висина од ѕид до ѕид) и добијте понуда.

075 218 160
dputt_niki@yahoo.com

Со почит,
Тимот на Ники

Можеби ќе те интересира

Кои се предностите на ПВЦ прозорците?
Балконска врата со лизгачки хармоника систем | Елегантна врска помеѓу внатрешноста и надвор
Кредитирање на енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!