Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Home
  • блог
  • Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2021

Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2021

by nikibogdanci / четврток, 01 април 2021 / Published in блог

Почитувани, субвенции и оваа година! (Не е првоаприлска шега :))

Министерството за економија со цел стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Република Северна Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2021 година, ќе им обезбеди поврат на средствата во висина:

  • до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година и
  • до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година за категоријата на лица со ниски примања
    *под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом, се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена.

Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата со ниски примања, Согласно програмата и купувачите кои не спаѓаат во категоријата лица со ниски примања, а кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци по денот на објавувањето на Јавниот оглас заклучно со 31 мај 2021 година и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до искористување на предвидените средства за оваа намена.

Побрзајте, огласот трае до крајот на месец мај!

За подетални информации, во прилог Ви доставуваме:

  • Јавен повик
  • На следниов линк: https://economy.gov.mk/doc/2951 може да ги најдете:
  • Барањето
  • Барањето за лица со ниски примања
  • Изјавата

Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со подготвување и праќање на целата потребна документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна. Пратете ни димензии на Вашите отвори за прозорци (ширина и висина од ѕид до ѕид) и добијте понуда.

075 218 160
dputt_niki@yahoo.com

Со почит,
Тимот на Ники

What you can read next

Балконска врата со лизгачки хармоника систем | Елегантна врска помеѓу внатрешноста и надвор
Проветрување на просторот за живеење преку прозорците
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 07:00-15:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!