Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Home
  • блог
  • Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2023

Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2023

by nikibogdanci / четврток, 20 април 2023 / Published in блог

Почитувани, субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци!

Со цел стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Република Северна Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови, Министерството за економија, ќе им обезбеди поврат на средства во висина:

  • до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2023 година, сė до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена.*под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом.

Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година и кои ќе поднесат пополнет Образец за барање за искористување на правото на надоместок со сите потребни документи. Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до исцрпување на предвидените средства за оваа намена.

Побрзајте, огласот трае до крајот на месец јули!

За подетални информации, во прилог Ви доставуваме:

  • Јавен оглас
  • На следниов линк може да ги најдете:
  • Барањето
  • Изјавата

 

Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со подготвување и праќање на целата потребна документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна. Пратете ни димензии на Вашите отвори за прозорци (ширина и висина од ѕид до ѕид) и добијте понуда.

075 218 160
dputt_niki@yahoo.com

Со почит,
Тимот на Ники

What you can read next

Учество на Меѓународен саем за градежништво 2017
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци
Како да ја одржуваме столаријата во домот чиста и безбедна?

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 07:00-15:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!