Ние ви издвоивме неколку од нашите производи, како површини во домот (претежно од стакло и ПВЦ) кои секојдневно ги користиме и допираме:
1. Пред да почнете со темелно чистење, Светската здравствена организација препорачува редовно проветрување на просториите
Правилното проветрување е од суштинско значење поради следниве причини:
- Замена на издишаниот воздух
- Отстранување на миризбите и загадувачите
- Здрава собна температура за вашиот дом.
Како најефикасно, ние ви го препорачуваме вкрстеното (дијагонално) проветрување / Вкрстеното проветрување е најефикасниот начин за проветрување на просторијата. За да го направите ова, прозорците и вратите се отворени за да се создаде провев (промаја) и со тоа целото количество на воздух се разменува во рок од 2-4 минути.
2. Редовно чистете ги ролетните од надворешната и внатрешната страна
Започнете од надворешната страна на ролетните – спуштете ги и измијте ги со вода, исчистете ги со топла вода, средство за миење садови и џогер за стакло. Чистете во линија со летвиците (доколку условите ви дозволуваат, односно, доколку живеете на приземје или имате тераса). Додека ролетните се сушат од надворешната страна, со стара сува крпа избришете ги од внатрешната страна. Бришете во линија на летвиците (Доколку немате услови да ги измиете, пробајте со средство за чистење стаклени површини од внатрешната страна на ролетните, исто во линија со летвиците).
3. Редовно чистете ги комарниците од надворешната и внатрешната страна
Соберете ја прашината и нечистотијата од комарникот најпрво со прашко и правосмукалка, а потоа со влажна крпа. На кај пребришете го со сува крпа.
4. Редовно чистете ги прозорците и балконските врати од надворешната и внатрешната страна
Откако целосно ќе се исушат ролетните од надворешната страна, следниот чекор е чистење на прозорците од надворешната и од внатрешната страна со средство за чистење стаклени површини. Како најважен дел во овој чекор би го издвоиле – финалното бришење на прозорците со сува крпа за стакло.
5. Дезинфицирајте ги рачките на прозорците и кваките на вратите (собни и влезни)
*Делови од вратите кои најчесто ги допираме со раце и се идеални места за насобирање на слоеви нечистотија. Пребришете ги со алкохол.