При модернизирање на постоечка зграда/куќа или при изградба на нова, брзо се поставува прашањето какви прозорци да се вградат. Прашањето не се однесува на формата или дизајнот на прозорците, овде најпрво станува збор за материјалот. Прозорските рамки обично се изработуваат од три материјали: дрво, ПВЦ и алуминиум. Во моментов, друг производ – прозорец направен од мешавина од дрво и алуминиум – сè уште не се користи толку често. Секој материјал има свои предности, но и недостатоци. Во продолжение би сакале да ве обучиме за различните материјали, а исто така да ви дадеме и неколку упатства, кои се надеваме дека ќе ви помогнат да ја донесете вашата одлука.
Дрвена рамка / Оригиналниот прозорец
Дрвото се користи како материјал за рамка за прозорец уште откако прозорците со стаклени панели почнаа да се вградуваат во домовите. Рамките за прозорци од дрво имаат многу природен изглед, покрај тоа дрвото поседува одлични изолациони својства кои се истакнуваат, особено во станбените згради. Дрвените рамки за прозорци главно се направени од смрека, бор и даб. Овие три видови дрва се сметаат за робусни и претставуваат обновливи суровини. Ова ги прави дрвените прозорци многу еколошки. Исто така, тоа е материјал што може да помогне да се балансираат нивоата на СО2. Сепак, дрвените прозорци не се без недостатоци. Нивната издржливост е ограничена. Дрвото се разградува под влијание на временските услови, со тек на време добива непривлечен изглед. Рамките за прозорци од дрво исто така мора редовно да бидат обложувани со специјални лакови или бои со цел да се подобри нивната издржливост. Друг проблем на дрвените прозорски рамки е тоа што дрвото е природен материјал кој “работи”. Промените на температурата можат да предизвикаат ширење и собирање, што во некои случаи резултира во тоа да рамките не “седат” безбедно во фасадата доколку не се соодветно вградени. Трајноста на дрвените рамки за прозорци зависи од грижата што ја добиваат, видот на дрвoто и временските услови на кои се подложени. Цените на дрвените прозорци исто така зависат од видот на дрвото. Во принцип, рамките направени од тврдо дрво се поскапи од оние изработени од меко дрво. Големината и видот на застаклување, исто така, влијаат на цената на прозорецот.
Предности и недостатоци на дрвена рамка:
+ природен изглед
+ обновлива суровина
– бара многу одржување
– неопходно е редовно фарбање
– може да набабри
– краток рок на траење ако не се третира правилно
– релативно висока цена
ПВЦ рамка / Голема робусност, индивидуален изглед и лесна за одржување
Од појавата на ПВЦ прозорски рамки, тие ги заменија дрвените прозорци на многу места. Постојат многу фактори во прилог на изборот на ПВЦ рамки, освен што цените на прозорците се поволни, овие прозорци се и многу издржливи.
Прозорските рамки се изработени од висококвалитетен ПВЦ што значително влијае на нивната долговечност. Исто така ПВЦ прозорците може да се надоградат со безбедносни механизми. Друга предност на овој вид прозорец е тоа што може да се изработи во речиси секоја форма и големина. ПВЦ рамките се релативно лесни и се погодни дури и за прозорци со големи површини.
Сепак, најголемата предност на ПВЦ профилот за прозорец во однос на алуминиумските и дрвените прозорци се значително подобрите вредности на изолација, со што се намалуваат трошоците за енергија и за греење. Специјалните фолии овозможуваат дизајнирање на пластичните рамки за прозорци во многу бои, така што тие совршено се вклопуваат со фасадата на куќата. Сепак, дури и ПВЦ прозорците имаат недостатоци. За разлика од дрвените прозорци, синтетичкиот материјал не ја подобрува животната средина. На светлите рамки, наталожената нечистотијата може да биде многу видлива, што резултира во помалку привлечен изглед. Без оглед на тоа, ПВЦ рамките се сметаат за исклучително лесни за одржување затоа што не бараат посебна заштита и не бараат фарбање или лакирање.
Предности и недостатоци на ПВЦ рамка:
+ многу издржливa – животен век од 50+ години
+ лесно одржување
+ многу добри изолаторни својства
+ достапно во разни форми
+ достапно во разни бои
+ мала тежина
+ лесна за чистење
+ поволна цена
+ 100% може да се рециклира што води кон заштеда на ресурси
– светлата рамка лесно се валка
– не е природна суровина
Алуминиумска рамка / Редок избор
Алуминиумот е уште една опција за прозорска рамка. Сепак, цените на прозорецот се доста високи, така што тие се користат релативно ретко во приватни станбени згради. Една значајна предност на овој материјал е неговата долга издржливост – aлуминиумот е отпорен на временски услови и не ‘рѓосува. Меѓутоа, тоа е материјал кој може значително да се олади и загрева, што значително ги намалува неговите изолациски својства. Алуминиумските рамки се особено популарни за големите и модерни прозорски фасади, каде што малата тежина на материјалот е критериум. Одржувањето на алуминиумските рамки се однесува на чистење со вода и средства за домаќинство.
Предности и недостатоци на алуминиумска рамка:
+ долготрајна издржливост
+ лесна за одржување
+ модерен изглед
+ можна е изработка на тесни профили
+ достапно во речиси сите бои
– високи трошоци за прозорецот
– споредбено лоши изолациски својства
– ризик од корозија, на пр. во случај на згради во близина на море/езеро
Алуминиумски облоги – комбинација на неколку материјали
Дрвените и ПВЦ прозорците може да се комбинираат со алуминиумски облоги кои се прицврстени на надворешната страна од рамката на прозорецот. Со ова добивате класичен изглед на алуминиумски прозорец, но со значително подобри вредности на изолација на дрво или ПВЦ. Освен тоа рамката на прозорецот е заштитена од влијанијата на временските услови, со што се олеснува одржувањето – особено во случај на дрвени рамки. Друга предност е што може да се изработат во речиси сите бои – целосно по ваш вкус!
Кој прозорец треба да го изберам?
Кои прозорски рамки треба да го подобрат новиот дом, се разбира, зависи исклучиво од личните преференци на сопственикот на домот. Oна што ги прави ПВЦ рамките фаворит е фактот дека тие се лесни за одржување, поволните цени на прозорците и можноста за адаптирање на рамките за изработка на речиси секаков тип на прозорци експлицитно на вашите сопствени барања. Употребата на специјални фолии на рамките исто така овозможува на ПВЦ прозорецот да му се даде изглед на природен дрвен прозорец. Аспектот на животната средина, исто така, игра важна улога. Додека за производство на дрвени и алуминиумски прозорци се користат природни суровини, ПВЦ прозорците се целосно синтетички. Сепак, користениот материјал е 100% рециклирачки и ќе биде целосно искористен откако ќе се замени прозорецот.
Сепак, крајната одлука за тоа кои рамки за прозорци треба да се одберат ја има сопственикот на домот. Сеопфатната споредба на прозорците овозможува позитивните својства и ефектите на поединечните прозорци да се споредат многу добро едни со други. Пред да донесете конечна одлука, се препорачува да ги разгледате различните типови рамки на лице место, да соберете доволно информации и да ги споредите цените на прозорците.
Долгорочно планирање
Разбирливо е дека најпрво ќе посветите внимание на цената на прозорците при изборот на нова рамка за прозорци. Сепак, секогаш треба да се има предвид дека инвестирањето во висококвалитетни и трајни прозорци претставува долгорочна инвестиција. Доколку прозорските рамки имаат добри изолациони вредности и тројно застаклување, трошоците за енергија постојано ќе бидат намалени. Висококвалитетните материјали исто така гарантираат дека прозорците нема да треба да се заменуваат со години. На крајот, и овие работи треба да се земат во предвид при споредување на прозорците, а исто така треба да бидат вклучени во споредбата на цените на прозорците. Праксата покажува дека инвестирањето во висококвалитетни и трајни рамки на прозорци носи со себе поголем потенцијал за заштеда отколку изборот на поевтини прозорци со понизок квалитет.