Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Home
  • блог
  • Совети за чистење на ПВЦ прозорците

Совети за чистење на ПВЦ прозорците

by nikibogdanci / среда, 22 јуни 2016 / Published in блог

ПВЦ прозорците се многу лесни за чистење и бараат минимално одржување. Но, сепак треба да се грижиме за нив и да ги чистиме редовно, особено стаклото. Нивното правилно одржување е гаранција за трајно и долго уживање.

Ја препорачуваме следнава редовна постапка за чистење:

  1. Отстранете ги дамките од вар и малтер!

Избегнете прскање на вар и малтер на профилот, стаклото и механизмите. И профилот и стаклото може да се оштетат, а механизмите да се заглават како резултат на остатоци од зацврстен малтер.

  1. Проветрувајте ги просториите неколку пати дневно!

Прилив на постуден воздух ја намалува релативната влажност на воздухот во просторијата и создава поздрава собна температура. По можност проветрувајте ја просторијата неколку пати дневно бидејќи релативната влажност на воздухот поголема од 60% може да доведе до појава на мувла.

  1. Не користете нагризувачки течности!

За нормално чистење на рамката на прозорецот користете средство за миење садови. Не користете средство за перење, разредувач или сл. За тврдокорните нечистотии постојат специјални средства за чистење.

  1. Редовно чистење на прозорецот од надворешната страна!

Редовно чистете го прозорецот од надворешната страна. Полен, катран или обоени честички може да согорат од сончевите зраци. Откако ваков слој се наталожува, истиот не е лесно да се отстрани.

  1. Подмачкувајте ги механизмите!

Подмачкувајте ги механизмите барем еднаш годишно за да осигурате олеснување на нивното движење.

  1. Затегнувајте ги рачките!

Секогаш затегнувајте ги олабавените рачки на прозорците и балконските врати. Завртките можете да ги најдете подигнувајќи го капакот на рачката и завртувајќи го од вертикална во хоризонтална положба.

  1. Грижете се за гумите (дихтунзите)!

Бришете ги дихтунзите во касата (рамката) два пати годишно со еленска кожа или силиконско масло за да ги задржите меки и во добра состојба.

  1. Чистете ги водните капачиња!

Проверувајте ги водните капачиња во рамката цело време. Чистотата е важна за задоволителна дренажа.

 

Извор: https://www.deceuninck.de/de/

What you can read next

Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2021
Влагата и мувлата се создаваат во местата на живеење
Звучна изолација преку прозорците

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 07:00-15:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!