1. ПВЦ прозорците се број еден во енергетска ефикасност
Касата на прозорецот игра клучна улога во подобрувањето на енергетската ефикасност и топлотната изолација со што се заштедува енергија. Профилите за прозорци кои се изработени од ПВЦ остваруваат најдобри оцени кога се споредени со алуминиумски или дрвени прозорци. Имаат подобри изолациски својства и можат да ги намалат трошковите за енергија и греење. Посебно е голема можноста за заштеда на енергија при употреба на ПВЦ профили за прозорци изработени по стандардите за пасивна куќа. Денес прозорци за пасивна куќа можат да се изработат ефикасно и со ниски трошоци, користејќи најмодерни ПВЦ профили и тројно стакло.
2. ПВЦ прозорците имаат многу добар сооднос на трошкови и корист (cost-benefit)
ПВЦ прозорците нудат јасни предности во смалувањето на трошковите, како при купување, така и низ целиот нивен животен век. Дрвените прозорци се во просек 20-30% поскапи од ПВЦ прозорците, а алуминиумските прозорци коштаат околу 30% повеќе, повторно претставуваат најскапа алтернатива. Темелејќи се на високиот потенцијал за заштеда на енергија и минимално одржување во текот на сервисниот живот од повеќе од 50 години, значајни заштеди се појавуваат на долгорочен план.
3. ПВЦ прозорците лесно се одржуваат
Висококвалитетните ПВЦ прозорци многу лесно се одржуваат и бараат минимално одржување. Дрвените прозорци, од друга страна, мораат повторно да се застаклуваат на секои две години и да се фарбаат на секои пет години. Најновиот ПВЦ гранулат е екстремно отпорен на временските услови и сончевата светлина. За чистење на прозорците се што Ви треба е средство за миење на садови, поради глатките површини кои се едноставни за одржување.
4. ПВЦ прозорците се значително трајни
За разлика од дрвените прозорци, ПВЦ прозорците имаат особено долг животен век. Високиот квалитет на прозорците се истакнува со нивната отпорност на деформација и високиот степен на функционалност во текот на годините. Темелејќи се на нивниот долг животен век, од минимум 50 години, ПВЦ прозорците се одлична инвестиција и во однос на одржувањето на вредноста на имотот (недвижнината).
5. ПВЦ прозорците нудат одлична еко рамнотежа
ПВЦ прозорците се 100% рециклирачки, на тој начин придонесуваат во заштедата на ресурси. 40% од сите ресурси на плин и нафта во светот се користат за греење и додатна енергија во градежништвото и дополнителна енергија во зградите, додека само 4% се користи за производство на пластика од што само 1% се користи за ПВЦ. Освен тоа што може да се рециклира, трајноста и ниското ниво на загадување во производствениот процес, ПВЦ профилите помагаат да се постигне одлична еко рамнотежа и придонесуваат за заштита на околината. ПВЦ прозорците траат многу подолго од дрвените прозорци и трошат значително помалку енергија во текот на процесот на производство.
Со основањето на иницијативата за рециклирање Rewindo, секторот на ПВЦ прозорци се обврзува на одржлив развој и зголемување на квотата за рециклирање на старите прозорци и врати на 100% каде што е возможно. ПВЦ содржината се ренда и се преработува за производство на гранулат и може да се рециклира најмалку 7 пати. Исто така, благодарение на уште една доброволна обврска дека до 2015 година ПВЦ смесата може да се произведува само со еколошки стабилизатори. Денес, Deceuninck веќе произведува само профили со безоловни стабилизатори.