Во новите градби со висок степен на топлинска изолација, проветрувањето на просторот за живеење е од огромна важност. Преку правилно проветрување ќе бидете во можност да креирате пријатна дневна атмосфера и собна температура, истовремено спречувајќи уништување на градбената структура и состав на станбениот објект во кој живеете.
Правилното проветрување е од суштинско значење поради следниве причини:
- Регулирање на влажноста на воздухот во просторијата кое пак спречува појава на мувла (Шест главни предуслови за појава на зголемена влажност на воздухот и мувла во просторијата:
- Ново-изграден објект кој сеуште има голем процент на влажност во sидовите и подовите
- Готвење во просторија со неотворен прозорец
- Во бања кадешто не се проветрува
- Во просторија кадешто се сушат алишта, а не се проветрува
- Во просторија кадешто има цвеќиња
- Надворешна влага, влажност на sидовите, таваните или подовите).
- Замена на издишаниот воздух
- Отстранување на миризбите и загадувачите
- Здрава собна температура за вашиот дом
- Правилна заштита од влага на станбениот објект во кој живеете
- Намалување на загуби од пренос на топлина = заштеда на трошоци за греење.
Проветрување преку прозорци
Проветрувањето преку прозорец е најлесниот и најбрзиот начин за замена на воздухот во собата, регулирање на влажноста на воздухот и намалување на ризикот од појава на мувла. Има три можни начини на проветрување преку прозорци:
Проветрување со отварање на прозорецот на кипање / Овој вид на проветрување не се препорачува со денешниве стандарди за топлинска изолација, посебно во зима и во влажни простории. Прозорците се навалуваат (кипаат) за да пропуштат природен проток на воздух. Овој метод на проветрување не е препорачлив, особено во текот на еден подолг временски период. Ова е така бидејќи кога е отворен на овој начин, рамката на прозорецот претерано се лади, постои зголемен ризик од кондензација на вода и на тој начин појава на мувла на рамката на прозорецот.
Чисто проветрување / Крилата на прозорецот се широко отворени за краток временски период (4-10 минути). Со тоа се овозможува брза размена на воздухот со минимални загуби на енергија.
Вкрстено (дијагонално) проветрување / Вкрстеното проветрување е најефикасниот начин за проветрување на просторијата. За да го направите ова, прозорците и вратите се отворени за да се создаде провев (промаја) и тоа води до тоа целото количество на воздух да се размени во рок од 2-4 минути.
Од 2009 година, стандардот за вентилација DIN 1946-6 пропишува дека сите нови градби мора да имаат концепт за вентилација. Исто така и во проекти за реновирање на фамилијарни куќи и станбени згради, концепт за вентилација треба да биде обезбеден доколку повеќе од третина од прозорците се заменети со нови или пак нова кровна изолација е поставена на повеќе од една третина од кровната површина.