Почитувани, субвенции и оваа година!
Министерството за економија со цел за стимулирање на користењето на мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци во Република Македонија, на купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци и потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 август 2018 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на ПВЦ или алуминиумски прозорци до 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противредност се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена, под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на ПВЦ или алуминиумски прозорци во својот дом врз основа на претходниот Јавен оглас на Министерството за економија објавен во 2017 година.
Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лицата кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас. Притоа, доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот “ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН”, сė до искористување на предвидените средства за оваа намена.
Побрзајте, огласот трае до крајот на месец август!
За подетални информации, во прилог Ви доставуваме:
- Барање за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2018 година
- Јавен оглас
Ние сме истовремено спремни со енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати и со помош при изготвување на потребната документација, а сė што преостанува е брз одговор од Ваша страна.
Со почит,
Тимот на Ники