Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Почетна
  • блог
  • Учество на Меѓународен саем за градежништво 2016

Учество на Меѓународен саем за градежништво 2016

од nikibogdanci / понеделник, 07 март 2016 / Објавено во блог

Почитувани,

Сеуште сме во еуфорија од она што се случуваше изминативе пет дена. “Ники” учествуваше на Меѓународниот саем за градежништво во Скопје од 01.03 – 05.03.2016 година. Нашето 25 годишно работно искуство во оваа дејност и добро познавајќи ги Вашите барања, желби и потреби ни помогнаa да создадеме една скромна, природна, привлечна и топла атмосфера на нашиот штанд кој го уредувавме со огромна љубов се со цел да наликува и потсетува на место за живеење.

На саемот го промовиравме нашиот најнов профил Deceuninck од серијата Prestige за изработка на ПВЦ прозорци и врати со шест комори, три дихтунзи и трослојно застаклување кој ги исполнува условите за највисока енергетска ефикасност.  Најпопуларни, привлечни и посакувани производи кои ги понудивме на нашиот штанд беа: балконската врата во Golden Oak бојa со фолксваген механизам, влезната врата во Golden Oak боја и двокрилниот прозор во бела боја изработен со новиот профил од серијата Prestige.

Делевме флаери, балони, разменувавме контакти, се среќававме со најразлични и интересни ликови, понуди и барања, дискутиравме за предностите и придобивките од нашите производи, исполнувавме барања, правевме понуди, воспоставувавме нови пријателства, инспириравме насмевки, јадевме, пиевме, се сликавме, смеевме и дружевме. Ова за нас беше едно напорно, но пред сè забавно, интересно и незаборавно искуство.

Ова надополнето и збогатено искуство, будното следење на сегашните и идни трендови во ПВЦ столаријата, будното следење и слушање на Вашите желби, барања и потреби ќе ни помогнат и во иднина да продолжиме да ги исполнуваме истите, а воедно и да останеме водичи во изработка на ПВЦ столарија.

Нашиот штанд го посетија преку 2500 посетители, од кои: долгогодишни корисници на нашите производи, деловни партнери, пријатели и претставници од Inoutic групацијата. Ви благодариме на сите за посетеноста.

Доколку го посетите линкот подолу преку вашиот мобилен телефон, за да ги видите фотографиите, во Albums, одберете See all и одберете го албумот Меѓународен саем на градежништво 2016. 

Преку фотографии ќе се обидеме да Ви доловиме што се случуваше изминативе пет дена.

До скоро видување.

 

Поздрав,

Тимот на “Ники”

Можеби ќе те интересира

Кои се предностите на ПВЦ прозорците?
Проветрување на просторот за живеење преку прозорците
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 08:00-16:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!