
Прозорците пропуштаат дневна светлина, прават просториите да изгледаат поголеми и создаваат пријатна атмосфера. Како и да е, сите сакаме да имаме опција да ги “прикриеме” прозорците и да ги спречиме луѓето да гледаат. Постојат неколку начини за тоа. Ние ги имаме и ви ги нудиме следниве:
НАДВОРЕШНО МОНТИРАНИ РОЛЕТНИ – ТРИ ВЕРЗИИ НА КУТИИ ЗА РОЛЕТНИ
Вообичаен начин на заштита на вашата приватност во однос на прозорците е употреба на ролетни. Монтирањето на ролетни обезбедува приватност, ја подобрува безбедноста и исто така ви овозможува да ги затемните вашите простории. Ролетните се погодни за сите вообичаени големини на прозорци и доаѓаат во широк спектар на бои (бела, златен даб, орев, антрацит) истовремено обезбедувајќи дискретно и привлечно чување на приватност. Кутиите за ролетни се изработени од двоен алуминиумски ѕид исполнет со полиуретан и нудат најдобра топлотна и звучна изолација. Дизајнот и квалитетот на материјалите од кои што се изработени ги вбројуваат помеѓу најквалитетните кутии за ролетни на пазарот. Летвиците за ролетни се алуминиумски исполнети со полиуретан. Техничките својства на летвиците кои ние ги користиме гарантираат целосна контрола на сончевата светлина и висока топлотна изолација. Полиуретанската пена во внатрешноста на летвиците овозможува поголема цврстина на ролетните и поголема отпорност на временските услови, а исто така ја зголемува и звучната изолација. Стандардната изведба на ролетните е за рачно подигање и спуштање со каиш или курбла, а може да се вгради и електромотор со далечински управувач или тастер за електрично подигање и спуштање. Ролетните обично се монтираат однадвор, над рамката на прозорецот. На нашите клиенти им нудиме три верзии на кутии за ролетни.
Доколку ролетните се монтирани заедно со прозорците:
1. Верзијата монтирана над рамката на прозорецот и
2. Верзијата што вклучува скриена вградена монтажа (затскриената кутија).
Доколку прво се монтирани прозорците, па потоа ролетните:
3. Верзијата монтирана на рамката на прозорецот од надворешната страна.
1. Верзијата монтирана над рамката на прозорецот
Кутијата за ролетни е поврзана со рамката на прозорецот и е директно монтирана со прозорецот како една “единица”. Од двете страни (внатре и надвор) кутијата за ролетни се гледа и е во иста линија со прозорецот. Овој начин на поставување на ролетните е во исто време со прозорците/балконските врати. Ова е еден од начините кои го препорачуваме, во исто време вршиме и припрема за поставување на мрежи против инсекти (комарници) кои пак можат да се постават дополнително. Ролетните едноставно можат да се спуштат преку шините водилки. Една голема предност на овие ролетни е тоа што тие не се соодветни само за монтирање на нови градби, туку и на постари градби.
2. Верзијата што вклучува скриена вградена монтажа (затскриената кутија)
Кутијата за ролетни е поврзана со рамката на прозорецот и е директно монтирана со прозорецот како една “единица”. Од внатрешната страна, кутијата за ролетни се гледа и е во иста линија со прозорецот. Овој начин на поставување на ролетните е во исто време со прозорците/балконските врати. Од надворешната страна, разликата во споредба со кутија за ролетни монтирана над рамката на прозорецот е во тоа што оваа кутија има скриена монтажа, премачкана е со малтер. Овој модел на монтажа е особено погоден за нови градби или пак градби кои опфаќаат реновирање на фасадата. Ова е другиот од начините за поставување на ролетни кои топло го препорачуваме, во исто време вршиме и припрема за поставување на мрежи против инсекти (комарници) кои пак можат да се постават дополнително. Со оваа верзија на ролетните се спречува ладење и формирање на мувла предизвикано од кондензација.
3. Верзијата монтирана на рамката на прозорецот од надворешната страна
Кутијата за ролетни зафаќа дел од рамката на прозорецот. Од надворешната страна е испакната и не е во иста линија со прозорецот, а од внатрешната страна се гледа преку прозорецот. Една голема предност на овој начин на монтажа на кутијата е тоа што не се губи од висината на прозорецот, а сепак има место и за ролетна. Овој начин на поставување на ролетните е дополнително, односно, после монтажа на прозорците/балконските врати. Кутиите ги поставуваме на овој начин и доколку не сакаме да изгубиме од висината на прозорецот/балконската врата, односно, доколку имаме мала висина за прозорец/балконска врата. Заедно со поставување на кутијата за ролетни, ги поставуваме и комарниците за да бидат сместени помеѓу прозорецот/балконската врата и ролетната. Доколку комарниците не се постават заедно со ролетните кај оваа верзија на кутија за ролетна, истите ќе бидат поставени од надворешната страна. Оваа верзија на кутија за ролетна монтирана на рамката на прозорецот од надворешната страна обезбедува и дополнителна изолација на рамката на прозорецот, особено погодна за простории на северната страна. Соодветни се и за монтирање на постари градби.
ПРЕДНОСТИ НА НАДВОРЕШНО МОНТИРАНИ РОЛЕТНИ
Ролетните нудат мноштво предности. Тие можат да се користат за затемнување на просториите, гарантираат приватност и овозможуваат прозорецот да биде побезбеден. Особено во текот на летните месеци, ролетните помагаат да се задржи просторијата ладна и собната температура константна. Во зимските месеци ролетните значително ги намалуваат трошоците за греење, бидејќи површината на прозорецот се лади помалку поради дополнителната изолација од ролетните што претставува дополнителна бариера.
Да имате можност да ги затемните вашите простории, има големо влијание врз здрава околина за спиење. Повеќето луѓе не се во состојба да влезат во длабоката фаза на спиење доколку има директна сончева светлина или светлина од улична светилка која влегува во просторијата. Постојаната изложеност на светлина автоматски доведува до помалку релаксирачки сон и тоа има негативно влијание врз нашето здравје и нашата општа состојба. Ролетните можат ефикасно да ги избегнат овие негативни услови.
Друг фактор во полза на монтирање на ролетни, и што не треба да се потценува, е зголемената безбедност. Спуштените ролетни спречуваат директен пристап до прозорецот и ова служи како пречка за провалниците поради дополнителното време што е потребно за провалување.
Намалено влијание на временските услови
Енергетските консултанти препорачуваат употреба на ролетни. Современите системи на ролетни имаат интегрирана изолација што спречува ладење на површината на прозорците. Исто така, вградената верзија на ролетни – со затскриени кутии спречуваат ладење и формирање на мувла предизвикано од кондензација.
Извор: https://www.deceuninck.de/de/
Изменето и дополнето на 13.02.2025