Почитувани,
Сеуште сме во еуфорија од она што се случуваше изминативе пет дена. “Ники” учествуваше на Меѓународниот саем за градежништво во Скопје од 01.03 – 05.03.2016 година. Нашето 25 годишно работно искуство во оваа дејност и добро познавајќи ги Вашите барања, желби и потреби ни помогнаa да создадеме една скромна, природна, привлечна и топла атмосфера на нашиот штанд кој го уредувавме со огромна љубов се со цел да наликува и потсетува на место за живеење.
На саемот го промовиравме нашиот најнов профил Deceuninck од серијата Prestige за изработка на ПВЦ прозорци и врати со шест комори, три дихтунзи и трослојно застаклување кој ги исполнува условите за највисока енергетска ефикасност. Најпопуларни, привлечни и посакувани производи кои ги понудивме на нашиот штанд беа: балконската врата во Golden Oak бојa со фолксваген механизам, влезната врата во Golden Oak боја и двокрилниот прозор во бела боја изработен со новиот профил од серијата Prestige.
Делевме флаери, балони, разменувавме контакти, се среќававме со најразлични и интересни ликови, понуди и барања, дискутиравме за предностите и придобивките од нашите производи, исполнувавме барања, правевме понуди, воспоставувавме нови пријателства, инспириравме насмевки, јадевме, пиевме, се сликавме, смеевме и дружевме. Ова за нас беше едно напорно, но пред сè забавно, интересно и незаборавно искуство.
Ова надополнето и збогатено искуство, будното следење на сегашните и идни трендови во ПВЦ столаријата, будното следење и слушање на Вашите желби, барања и потреби ќе ни помогнат и во иднина да продолжиме да ги исполнуваме истите, а воедно и да останеме водичи во изработка на ПВЦ столарија.
Нашиот штанд го посетија преку 2500 посетители, од кои: долгогодишни корисници на нашите производи, деловни партнери, пријатели и претставници од Inoutic групацијата. Ви благодариме на сите за посетеноста.
Доколку го посетите линкот подолу преку вашиот мобилен телефон, за да ги видите фотографиите, во Albums, одберете See all и одберете го албумот Меѓународен саем на градежништво 2016.
Преку фотографии ќе се обидеме да Ви доловиме што се случуваше изминативе пет дена.
До скоро видување.
Поздрав,
Тимот на “Ники”