Ники БогданциНики Богданци

  • ДОМА
  • ЗА НАС
  • ПРОИЗВОДИ
  • ПОРТФОЛИО
  • БЛОГ
  • КОНТАКТ
ПИШИНИ
  • Home
  • блог
  • Кредитирање на енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати

Кредитирање на енергетско ефикасни ПВЦ прозорци и врати

by nikibogdanci / сабота, 11 мај 2019 / Published in блог

Доколку размислувате за поставување на нови ПВЦ прозорци и врати, подобрување на енергетската ефикасност на Вашиот дом и потребен ви е потрошувачки кредит за финансирање на новите ПВЦ прозорци и врати, вие сте на вистинското место.

Нашите прозорци и врати се енергетско ефикасни технологии со високи перформанси кои се веќе одобрени како прифатливи за финансирање од страна на GEFF.

  1. Што се енергетско ефикасни прозорци и врати?

Прозорците и вратите чијшто коефициент на пренос на толина / топлотна изолација Uw ≤1,3 W/m2K спаѓаат во групата на енергетско ефикасни прозорци и врати и се прифатливи производи за финансирање.
Според регулативата за заштеда на енергија EnEV za 2012, Uw не смее да ја надмине вредноста од 1.3 W/m2K.

Во вкупната енергетска ефикасност на прозорците и вратите, односно, Uw – Топлотната изолација на целиот прозорец / целата балконска врата влегуваат:

Uf – Вредност на топлотна изолација на каса, зависи од

– материјалот на касата (ПВЦ, алуминиум, дрво, др.)
– коморноста на профилот (5, 6)
– вградените гуми за дихтување (2, 3)
– ширината на профилот (71 mm, 76 mm) и

Ug – Вредност на топлотна изолација на стакло, зависи од

– бројот на стакла (2, 3)
– растојанието помеѓу стаклата (16 mm)
– комбинацијата на стакла која се користи / стакло пакетот (пр. стакло пакет од флот стакло, К стакло и 4S стакло)
– присуство на изолаторен гас помеѓу стаклата (вакум, воздух, аргон, др.)
– материјалот на лајсната за стакло (пвц, алуминиум, swisspacer, др.).

2. Нашите енергетско ефикасни производи

Како добавувач на енергетско ефикасни прозорци и врати, ние Ви нудиме 5 категории на енергетско ефикасни производи. Нашите производи се креирани со идеални комбинации на профили и стаклопакети за постигнување на максимални вредности за заштеда на енергија:

1. ПВЦ Прозорци и Балконски врати изработени со германски шесткоморен профил Deceuninck од серијата Prestige со три дихтунзи и тројно термо – изолационо стакло (К + флот + 4S) со дебелина од 42 mm исполнето со гас аргон – Uw = 0.69 W/m2K

2. ПВЦ Прозорци и Балконски врати изработени со германски шесткоморен профил Deceuninck од серијата Prestige со три дихтунзи и двојно термо – изолационо стакло (флот + 4S) со дебелина од 24 mm исполнето со гас аргон – Uw = 1.1 W/m2K

3. ПВЦ Прозорци и Балконски врати изработени со германски петкоморен профил Deceuninck од серијата Arcade со два дихтунзи и тројно термо – изолационо стакло (К + флот + 4S) со дебелина од 32 mm исполнето со гас аргон – Uw = 0.74 W/m2K

4. ПВЦ Прозорци и Балконски врати изработени со германски петкоморен профил Deceuninck од серијата Arcade со два дихтунзи и двојно термо – изолационо стакло (флот + 4S) со дебелина од 24 mm исполнето со гас аргон Uw = 1.1 W/m2K

5. ПВЦ Врати изработени со германски петкоморен профил Deceuninck од серијата Arcade со два дихтунзи и двојно термо – изолационо стакло (флот + К) со дебелина од 24 mm исполнето со гас аргон Uw = 1.19 W/m2K.

3. Придобивки од GEFF

Инвестирајќи во зелената економија, користа ја имате Вие, економијата и животната средина.

За домаќинствата

• Намалена потрошувачка на енергија преку вградување на енергетски ефикасни технологии со високи перформанси
• Зголемен семеен буџет преку намалени трошоци
• Подобра сигурност на опремата
• Поудобни домови
• Зголемена вредност на недвижнини

За бизнисите

• Поголем промет
• Поголема продажба / производство на енергетски ефикасни и енергетско обновливи технологии
• Подобра достапност на зелени технологии и решенија во секторот за домување

За околината

• Зачувување на скапоцените природни ресурси
• Намалување на загадувањето
• Поздрава околина

4. Кој ги задоволува условите?

Следните категории на заемобаратели се подобни за заем во согласност со програмата:

• Индивидуи кои поседуваат или живеат во куќа или стан во кој планираат да ја имплементираат подобната инвестиција.

• Групи на индивидуи, здруженија за домување, здруженија на сопственици на повеќекатни згради или други еквивалентни тела кои ги претставуваат интересите на станарите.

• Даватели на услуги, како компании за управување со домување и компании за енергетски услуги (ESCO) кои пружаат одржување, управување, инсталација, конструкција, реновирање и слични услуги, според договор со индивидуи и Здруженија за домување.

• Трговци, кои пружаат и/или продаваат подобни технологии наведени на Селекторот на технологија.

• Производители, кои произведуваат подобни технологии наведени на Селекторот на технологија и планираат да го одржат или зголемат овој дел од нивното производство.

Селекторот на технологија е наменет да ги донесе технологиите за домаќинство со високи перформанси од магацините до вашиот дом.

5. Партнери

Финансирањето со GEFF се одвива преку локалните банки партнери во Програмата, Sparkasse и Охридска банка кои ја користат кредитната линија да ги финансираат подобните заемобаратели со инвестиции во подобни проекти.

6. Како да аплицирате?

Пратете ни димензии на Вашите отвори за прозорци и врати (ширина и висина од ѕид до ѕид) и добијте понуда. Контактирајте не за подетални информации. Ви стоиме на располагање во текот на целата процедура.

dputt_niki@yahoo.com
075/218-160

What you can read next

ПВЦ столарија во боја?
Кои се предностите на ПВЦ прозорците?
Субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци 2023

Контактирајте не

Адреса

Страшо Пинџур бр.5
1484 Богданци
Работно време: Пон-Саб 07:00-15:00

Контакти

dputt_niki@yahoo.com
contact@nikibogdanci.mk
+389 75 218 160
+389 34 222 560

Социјални мрежи

© Сите права задржани, 2019. Дизајн: Тивиус Продукција

TOP
error: Содржината е заштитена!